Кризниот штаб при општина Тетово денеска информираше дека починале двајца граѓани, жители на градот кои претходно биле заразени со коронавирусот, со што бројката на смртни случаи со претходниот од Пирок, општина Боговиње се искачи на три.
Воедно од тестовите направени од Институтот за јавно здравје, евидентиран е еден нов случај на заболен од КОВИД-19, или вкупно 30 лица со коронавирус.
– И понатаму најмногу заразени има во општина Тетово, сега 17, (2 починати), 5 во општина Теарце, 4 во општина Брвеница, 2 во општина Боговиње (1 починат), 1 во општина Желино и едно лице кое од државниот карантин на Попова Шапка е пренесено во родниот Радовиш, информираат од тетовскиот кризен штаб.
Од тетовските рурални локални самоуправи само во општина Јегуновце засега нема евидентирано заболен од КОВИД-19.
МИА/Фото: Општина Тетово
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
18 деца во Македонија до деветгодишна возраст се заболени од корона вирусот
Вкупно 22: Нови 3 лица починаа од коронавирусот
Вкупно 570: Нови 15 лица заболени со коронавирусот во Македонија