Во Центарот за култура Битола ќе се одржат два концерт во чест на Тоше Проески и на Аки Рахимовски, на 18 и 19 февруари.
Каролина Гочева, Ламбе Алабаковски, Димитар Андоновски, Александра Јанева, Александар Тарабунов, Јана Бурчевска, Виктор Апостоловски, Нико Ѓоргиевски и Бојан Стојков ќе изведуваат нумери од овие двајца големи музичари.
На концертот ќе учествува и хорот на Државното музичко училиште од Битола, а диригент на Камерниот оркестар Битола – IW Connect ќе биде Владимир Димовски.
Цена на билетите ќе биде 350 денари, а продажбата започнува овој четврток. Билетарата работи од 15.00-20.00 часот.
„Капацитетот на салата заради здравствените протоколи е 400 седишта и за влез потребно е поседување на сертификат за вакцинација. Напоменуваме дека ќе нема можност за резервации, само по принцип на прв дојден и услужен на билетара,“ велат од Центар за култура Битола.
Фото: Хит рекордс