еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Две лица од новопочинатите од коронавирусот со претходни заболувања, едно имало контакт со потврден случај

Министерство за здравство вчера информираше дека починале уште тројца пациенти заболени од коронавирусот.

„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациентка  од Куманово (60г), хоспитализирана на клиниката од 27 април.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Струга (59г), примен на 16 мај и пациент од Скопје (51г) хоспитализиран на 4 мај,“, соопштија од таму.

Детали за новопочинатите соопшти и Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

“Случаите се на возраст од 51-61 години, со присутни симптоми и хоспитализирани.

Два од случаите имале пропратни коморбидитети (хронична/здравствени состојби, н.з.).

Сите починати се без историја на патување, а еден имал контакт со потврден случај во државата“, стои во анализата на ИЈЗ, која еМагазин секојдневно ја пренесува.

Вкупната бројка на починати поради компликации од коронавирусот во земјава изнесува 104.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Без симптоми 588 од заразените од коронавирусот во Македонија

Повеќе мажи, седум со претходни заболувања, детали за новите случаи на Ковид-19 во Македонија

Дома починале 13 лица од заболените од коронавирусот во Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Армијата со 195 припадници се вклучи во обезбедување на болниците низ државата

Редакција

Уништен муралот кој пренесува порака за солидарност и заедништво: Омразата во општеството е влезена во секоја негова пора

Редакција

Од 7 до 20 април затворање на сите угостителски објекти

Редакција