Две млади лица од Охрид загинаа во сообраќајна несреќа што вчера се случи на магистралниот патен правец Ресен – Битола, кај месноста наречена Макази.
Според првичните информации од полицијата, несреќата се случила околу 13:40 часот на излезот од Ресен во насока кон Битола, кога дошло до директен судар на патничко возило „Мерцедес“ со охридски регистерски таблички и товарно возило „Волво“.
Во сударот, на лице место на повредите им подлегнале Д.К. и Ј.К. од Охрид, кои биле во автомобилот.
На местото на несреќата извршен е увид кој треба да ги расветли причините за трагичниот настан.
МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.