Ленка Цветковска е раководител на ИТ дирекција на Централен депозитар за хартии од вредност, а со неа разговаравме за дигитализацијата на оваа институција и придобивките од таа платформа.
Обезбеден е пристап до различни информации и извештаи кои до сега можеа да се добијат само доколку клиентите се обратеа директно во просториите на Депозитарот, но овозможени се и извештаи и услуги кои до сега не беа достапни и се нов производ, a се креирани согласно потребите на корисниците.
Централниот Депозитар се префрла на дигитална платформа, односно следењето на статусите на самите издавачи и иматели на хартии од вредност сега можат да го прават тоа on-line. Дали апликацијата е user friendly, односно дали може лесно да се снајде некој корисник на апликацијата?
– Порталот е веб дизајнирана апликација која овозможува брз, директен и едноставен пристап до базата на податоци за имателите, издавачите и издадените хартии од вредност во РМ, база на податоци со која располага Депозитарот. Се што е потребно е интернет пристап и некој веб прелистувач каде по иницијалнто најавување на апликацијата се пристапува до мени кое интуитивно ги води корисниците до широката палета на услуги и извештаи на самиот Портал, и со избор на некоја од услугите се прикажува детален опис на таа функционалност.
Што сè можат да направат сега вашите клиенти “од дома”, за што претходно требаше да “одат пеш” до вашите канцеларии?
– Обезбеден е пристап до различни информации и извештаи кои до сега можеа да се добијат само доколку клиентите се обратеа директно во просториите на Депозитарот, но овозможени се и извештаи и услуги кои до сега не беа достапни и се нов производ, a се креирани согласно потребите на корисниците.
Сега овие извештаи можат on-line да се добијат во електронска форма како официјални документи верификувани со дигитален сертификат и временски жиг, но исто така можат да се добијат и други податоци од информативен карактер.
Порталот покрај широкиот избор на извештаи кои можат да се изгенерираат во различен формат нуди и други услуги. Би ги издвоила услугите за издавачите за кои е обезбеден систем за испраќање на соопштенија до своите акционери кои се регистрирани корисници на Порталот. Овозможен е и систем каде секој издавач може да ги следи тргувањата со акциите издадени од самиот издавач, а се истргувани од страна на лица кои имаат пристап до чувствителни информации за друштвото.
За сите овие услуги достани преку порталот, наплатата се врши on-line со помош на електронска картичка.
Дали очекувате некои проблеми на почетокот, додека се научат корисниците да ја користат апликацијата?
-Апликацијата е едноставна за употреба поради што не очекуваме некои посебни проблеми при нејзино користење. На влезната форма на Порталот се објавени линкови до корисничките Упатства за издавачите и за имателите на хартии од вредност, така што секој корисник со следење на насоките во упатствата може многу лесно и едноставно да ја користи апликацијата.
Секако на самиот Портал постои и форма за контакт каде сите регистрирани корисници можат да се обратат до Депозитарот за консултација или некој проблем. Истото можат да го направат и на контакт телефоните објавени на официјалната веб страна на Депозитарот.
Апликацијата може да се користи и од телефон, дали овој проект е доказ дека прифатениот концепт за канцеларија и старите навики за тоа колку луѓе се потребни во работните процеси радикано се менува?
– Свесни сме дека во времето на дигитализацијата, интернетот и мобиланата телефонија мораме да ги следиме потребите на своите клиенти и да обезбедиме брз, сигурен и едноставан пристап до нашите услуги.
Со новиот Портал овозможено е on-line најавување, избирање на потребната услуга-извештај, негово електронско потпишување и наплата со електронска картица за на крај да се добие посакуваниот верификуван документ. Значи со on-line пристап, со само неколку клика, за само неколку минути се добива комплетната услуга од било каде.Со ова сметаме дека нашите клиенти многукратно ќе заштедат и време и ангажман на своите ресурси.
Водете нè малку низ апликацијата, почнува со регистрација, дали е тоа само еднаш? Понатаму, ако сум имател на акции и сакам да имам “црно на бело” дека имам толку и толку акции, односно верификуван документ кој може да го приложам до надлежни органи дали треба да платам?
– До апликацијата имаат пристап само регистрирани корисници на Порталот. Иницијалното регистрирање е еднократно при што само регистрирани иматели и издавачи на хартии од вредност во кор системот на Депозитарот можат да се регистрираат и на Порталот. Имателите на хартии од вредност иницијалнното регистрирање можат да го остварат преку членките на Депозитарот или директно во просториите на Депозитарот, додека издавачите можат да се регистрираат со потпишување на посебни договори со Депозитарот.
Сите регистрирани корисници на Порталот можат да генерираат официјални документи верификувани со дигитален сертификат и временски жиг. Овие извештаи се наплатуваат согласно Тарифата на Депозитарот за електронски услуги, која е објавена на сајтот на Депозитарот.
Претпоставуваме најмногу инвестиравте во заштита на самата апликација, за да нема нелегални упади.
– При дизајнирањето на целиот Дистрибутивен систем применети се најдобрите практики од областа на информатичката безбедност и заштитата на личните податоци. Порталот како веб апликација се хостира на посебна и целосно нова ИКТ инфраструктура интегрирана во постоечката ИКТ инфраструктура на Депозитарот.
До Порталот имаат пристап само регистрирани корисници и при секое нивно најавување се врши автентикација и авторизација. Се користат современи хардверски уреди и софтверски алатки за следење и заштита од нелегални упади, систем кој и понатаму континуирано се следи и надградува со нови решенија од областа на информатичката безбедност.