еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Ќе ја „оплескаме“ ли со коронавирусот за Велигден?

Владата денеска одлучи да воведе полициски час за време на велигденските празници од петок 17 април во 16 часот, до вторник 21 април во 5 часот наутро или вкупно 85 часови ќе бидеме во карантин.

Дополнително, од четврток, 16 април од 16 часот, до вторник, 21 април до 5 часот наутро, Владата забрани движење на сите излетнички места, паркови и шуми низ целата држава.

Ама во меѓувреме не го забрани движењето од едно место во друго, како што побара некои градоначалници.

Мерката за полицискиот час беше очекувана и е секако оправдана, имајќи го во предвид значењето на големиот празник, Велигден и нашиот менталитет.

Но, вистинското прашање е колку овој пат граѓаните ќе ја почитуваат оваа одлука на Владата.

Властите имаат некаква контрола на состојбите по големите градови низ Македонија за време на полицискиот час, но по руралните и селските средини и не толку, а можеби и воопшто немаат.

А како што знаеме потребен е само еден „непослушен“ за голема бељја.

Поразително е дека не толку мал број на граѓани низ земјава и по сите информации за сериозноста на оваа пандемија продолжуваат да се однесуваат неодговорно и без трпение, па за престојните празници, голем дел од нив планираат квалитено да се „измешаат“ на разни страни на земјата.

По викендички, па скара, па комшии, па роднини, па пријатели… Ќе се почитува полицискиот час, ама ќе се „мешаме“ по „дома“.

Никој не сака да биде во карантин, сите сакаме да се вратиме во нормала.

Но, да не заборавиме дека тоа враќање во нормала, не зависи од никој друг, туку од НАС.

Да не ја „оплескаме„ за големиот празник, и да ни паднат во вода неделите со седење дома и откажувањето од многу работи, па се да почнеме од почеток!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата одлучи: За Велигден полициски час од петок до вторник

Во Боговиње има 7, во Брвеница и Теарце по 5, а во Желино има 1 лице заболено со Ковид-19

Втор случај на лице заразено со Ковид-19 во Пробиштип

По еден месец, заврши кризната состојба на териториите на општините Центар Жупа и Дебар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СДСМ ќе пресече: Ќе има ли предвремени парламентарни избори

Редакција

(Видео) Граничниот премин Рафа меѓу Египет и Газа отворен за испорака на хуманитарна помош

Редакција

Лажни се дојавите за бомби во училишта во Скопје и Прилеп

Редакција