По повлекувањето на Панос Каменос од коалициската влада, грчкиот премиер Алексис Циприс набргу ќе побара доверба од Парламентот, соопшти Ципрас по завршувањето на средбата со лидерот на Независни Грци, јави дописничката на МИА од Атина.
Во изјава по средбата, Ципрас рече дека Каменос поднел оставка од позицијата министер за одбрана, а тој ја прифатил и додаде дека ќе ја прифати и секоја друга оставка од редовите на Независни Грци.
Нов министер за одбрана ќе биде началникот на Генералштабот, Евангелос Апостолакис.
МИА/Фото: Независни Грци
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Панос Каменос го „откачи“ Ципрас, ја напушта грчката Влада
Сите можни сценарија: Ќе се ратификува ли Договорот од Преспа во Грција
Ципрас: Во Парламентот има мнозинство и за Договорот од Преспа и за доверба на Владата