еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Филипче му ветил на семејството на Верица дека ќе помогне за нивно вработување

Министерот за здравство Венко Филипче денеска се сретнал со семејството на Верица Белчовска, младата девојка која трагично го загуби животот, а чие семејство ги донираше нејзините органи.

„Со овој чин досега спасија три животи. Чест ми беше да ги запознаам овие луѓе чија големина и алтруизам оставаат без зборови.

Во име на Владата и мое лично име им ветив дека ќе добијат целосна поддршка за решавање на проблемот со вработувањата кои ги имаат и уште еднаш им се заблагодарив од срце за нивниот несебичен гест.

Органодарителството е највисок чин на хуманост, драго ми е што се повеќе граѓаните стануваат свесни за неговата важност,“ напиша Филипче на неговиот Фејсбук-профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Да помогнеме на хуманото семејство Белчовски, кои ги донираа органите на трагично загинатата ќерка Верица

(Фото) Жителите на Русиново се простија од младата Верица и порачаа нејзината хуманост да не се заборави од институциите

Верица Белчовска, чии органи досега спасија три животи, во Струмица каде на пешачки ја удри возило дошла за подобар живот

(ВИДЕО) Верица го продолжи животот на син ми, вели таткото на момчето кому му беше трансплантирано срце

Фото: Фејсбук/Филипче

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фондацијата „Сончоглед“ од Албанија донираше опрема и апаратура за децата болни од рак

Редакција

Премиерот прво чека информации за долгот, па можно е да се сретне со превозниците во Скопје

Редакција

Бизнисот со канабис за медицинска употреба расцвета: Бројот на издадени лиценци порасна на 27

Редакција