еМагазин
Image default
Македонија

Ќе се набавуваат термални камери за Инфективна клиника и опрема за заштита од корона вирусот за повеќе институции

Владата на 13. седница ја разгледа и усвои Информација за потребата за набавка на две термални камери, опрема за ЈЗУ Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, и лична заштитна опрема за Министерството за здравство и останатите институции вклучени во активностите во врска со корона вирусот COVID-19, и го задолжи Министерството за здравство да ја спроведе набавката, информираат од Влада.

На денешната седница на предлог на министерот за здравство Владата го задолжи Министерството за образование и наука да изготви план за дистрибуција на алкохолен дезинфициенс со широк спектар на микробиоцидно дејство до основните и средните училишта.

„Владата денеска ја разгледа и ја усвои информацијата за здравствените проблеми кои можат да бидат предизвикани од комарците како пренесувачи на заразни болести и го прифати акцискиот план за нивно контролирање.

Владата им препорачува на единиците на локалната самоуправа континуирано и целосно да ги спроведуваат мерките од акцискиот план кои предвидуваат ларвицидна дезинсекција во шест наврати, терестичката дезинсекција на возрасни комарци која треба да се изврши во пет наврати, како и мерката за постојани информирање и едукација на населението во единиците на локалната самоуправа,“ се додава во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Граничарите и полицајците комплетно ги почитуваат насоките и препораките за справување со корона вирусот, вели Спасовски

Од коронавирусот во светот заразени над 90.000 лица, досега починале 3.119

Корона вирусот ќе удри и по македонската економија, предупредува Бизнис конфедерацијата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Бучковски во Софија однел нон-пејпер со гаранции дека Македонија нема претензии кон Бугарија и дека нема да се меша во прашањето за малцинствата

Редакција

Нови 414 случаи на Ковид-19 од 1.619 тестирања

Редакција

Уште 30 дена притвор за Камчев, за „Плацеви на Водно” определен притвор и за Груевски

Редакција