еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА Македонија

Ќе се зголеми финансиската поддршка на производителите на пченица, јачмен, домати и краставица

Владата на денешната седница донесе Програма за дополнување на Програмата за спроведување на интервентен фонд за земјоделството за 2023 година, со цел финансиска поддршка на производителите на пченица и јачмен, како и на одгледувачите на домати и краставици.

Во Програмата се додадени три нови подмерки со што се обезбедува: финансиска поддршка од 3 денари по килограм за остварено и продадено или складирано производство на пченица; финансиска поддршка за произведен домашен сертифициран семенски материјал од прва и втора генерација на пченица и јачмен од 3 денари по килограм – за произведени пченица или јачмен од прва и втора генерација за реколта 2023 година, како и финансиска поддршка за продадени количини на домат и краставица произведени под контролирани услови – од 35 денари по килограм домат, што е произведен и продаден во периодот од 5 април до 31 мај 2023 година и 30 денари по килограм за краставица, којашто е произведена и продадена во периодот од 5 април до 15 мај 2023 година, соопшти владината прес-служба.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Во живо) Во Собрание продолжи расправата за „францускиот предлог„

Редакција

Продолжува судењето за пожарот во тетовската модуларна болница

Редакција

Мицкоски: Пред три месеци реков дека постои Анекс на Договорот со Бугарија и е со исклучително лоши позиции за македонскиот идентитет

Редакција