Еден од убиените во синоќешната престрелка во Старата скопска чаршија е Јетон Кривањева, врз кого беше пукано и во хотелот Александар Палас пред четири години, објави телевизијата Телма.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Двајца убиени, еден е повреден во бар во Старата скопска чаршија
Според телевизијата другото убиено лице е Енес Исени.
Кривањева според повеќе медиуми на албански јазик од Македонија беше дел од групата која беше цел на вооружен напад во хотелот Александар Палас во 2019 година.
Тогаш маскирани напаѓачи стрелаа кон групата во која беа и Камер Идризи и Јетон Кривањева.
Поголеми последици врз нападнатите спречил полицаец во цивил кој во тој момент седел на истата маса со нападнатите кои се од скопско Грчец. Полицискиот службеник пукал во напаѓачите во самоодбрана, а немаше сериозно повредени. Случајот не беше расветлен.
Во 2021 година во Бутел беше убиен Камер Идризи додека се движел со автомобил, а во него било пукано од друго возило во движење. И тоа убиство не е расветлено, објави телевизијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ