еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

47-годишен маж загина во сообраќајка кај Струмица

Едно лице загина во сообраќајка што се случи синоќа околу 21:30 часот на излезот од село Дабиле, пред крстосницата за селото Робово, на магистралниот пат Струмица – Граничен премин Ново Село.

Веста ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, која информираше дека во сообраќајката учествувале автомобили „фиат браво“ и „мерцедес“.

Повеќе информации од полицијата ќе соопштат дополнително.

Според информации од струмичката болница, околу 22 часот таму бил донесен починат маж на 47 годишна возраст – возач на „мерцедесот“, додека другиот возач поминал без повреди.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Термалните камери на скопскиот аеродром досега не регистрирале сомнителен случај со корона вирус

Редакција

ЦУК предупредува на претпазливо движење покрај помалите реки и суводолиците, поради најавите за нестабилно време

Редакција

Кривична пријава за поранешниот градоначалник на општина Василево

Редакција