Собранието на акционери на Витаминка АД Прилеп донесе одлука за избор на членови на Одборот на директори на компанијата, информираат од таму преку Македонската берза.
За членови на Одборот реизбрани се Симон Наумоски, неизвршен член, Сашо Наумоски, член, Благоја Ѓорѓијовски, неизвршен член, а нови членови се Маја Кадиевска Војновиќ, неизвршен член, како и Горан Трајковски, кој на јавноста и е познат пред се како поранешен прв човек на Управата за јавни приходи (УЈП), како неизвршен член.
Членови на Одборот повеќе не се Горан Рафајловски, независен неизвршен член и Марјан Бојаџиев, независен неизвршен член.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Витаминка со зголемена добивка во првите три
Колку акции поседуваат во Витаминка кандидатите за членови на Одборот на директори на компанијата