Драган Тевдовски да се именува за независен член на Надзорен одбор на Универзална Инвестициона Банка АД (УНИ Банка), пишува во предлогот за престојното Собрание акционери на банката закажано на 30 декември, годинава.
Новоименуваниот член се именува со мандат од 4 (четири) години, сметано од денот на добивање на предходна согласност од Народна Банка на РСМ.
Драган Тевдовски беше министер за финансии во Владата на СДСМ и ДУИ формирана по последните парламентарни избори, но по кратко време беше заменет и на негово место беше поставена актуелната министерка Нина Ангеловска.
Откако беше заменет, тој се врати на своите студенти на Економскиот факултет каде работи како професор.
Фото: Фејсбук/Тевдовски
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.