еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Елизабета Канческа-Милевска до ВМРО- ДПМНЕ: Јас не сум, предавници се они кои бегаат и не нудат решенија

Поранешната пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, Елизабета Канческа-Милевска, која сега ја предводи Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, образложувајќи го еден од предложените амандмани на уставните амандмани, а кој не беше прифатен од Владата, со кој се бара новото име на Македонија – Северна Македонија да биде само за меѓународна употреба, рече дека не се чуствува како предавник, упатувајќи порака до нејзината поранешна партија дека предавници се тие кои бегаат од решенија.

„Поднесениот амандан е многу јасен и прецизен и се однесува називот Република Северна Македонија да се употребува само за меѓународна употреба. Сакаме да слушнеме зошто не било возможно ова да се постигне и зошто мораше да се прифати ерга омемес.

Исто така, сакавме да слушнеме и од ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи во минатото и нивни претставници учествуваа во преговорите. За жал, тоа од нив не го слушнавме ни во минатото, а нема ни денеска, бидејќи не се тука. Сметаме дека граѓаните заслужуваат објаснување од двете страни. Со нивната одлука уште еднаш на дело ја потврдија лажната политика и лажниот патриотизам.

Потврдија дека сакаат сето ова брзо да се заврши, тоа друг да го заврши, и потоа на прес конфернција да ги набројаат со име и презиме предавниците, нешто што не одговара на една државотрворна партија.

Предавници не се чуствуваме во ниту еден момент. Предавници се они кои бегаат и не нудат решенија. Нешто што можеа да направат е барем тие да го поднесеа овој амандман или да ни дадоа поддршка. Со тоа барем нешто ќе останеше како нивна заложба. Иако сме мал број на претеници на опозицијата кои се одваживме и земавме учество и ангажман, да го подобриме овој Договор и да го потврдиме и зачуваме македонскиот идентитет и јазик. Успеавме да ги надминеме навредите и заканите, исправено и гордо, задржувајќи ја човечноста.

Во оваа прилика сакам да се заблагодарам на моите колеги кои активно беа вклучени во овој процес. Раководството на ВМРО-ДПМНЕ ако сакаше да го блокира овој процес, активно ќе работеше на тоа. Но, ВМРО-ДПМНЕ длабоко верува дека ова е последна шанса за Македонија, и сака некој друг да биде крив, само не раководството на партијата“, рече од собраниската говорница Канческа-Милевска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што предвидуваат уставните измени кои се изгласаа во Собранието

Македонија станува Северна Македонија: Гласаа 81 пратеник

(ВО ЖИВО) Финале на уставните измени: Македонија го менува името во Северна Македонија

Влада и осумтемина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ: Заеднички постигнавме договор со кој се обезбедуваат најмалку 80 пратеници

Фото: Фејбук/Канческа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Беса и Алијансата на Албанците реагираат на начинот на кој се договара судбината на СЈО

Редакција

Лага е дека во Еуростандард банка физичко лице има заштеда од 7 милиони евра, вели стечајниот управник Тодевски

Редакција

Горивата поскапуваат за 1 денар

Редакција