Пред тринаесет години на кејот на Вардар во близина на скопското Кале требаше да почнат да се градат хотелски комплекси и деловни објекти. Локациите се продадени, но и до ден-денес инвеститорите не почнаа со градење, пишува весникот Независен.
Од 2007 година за три парцели се води судски спор. Шест години државата ги тужеше сопствениците, а од 2015 година се сменија улогите во судскиот процес и сега газдите на парцелите ја тужат државата, пишува весникот.
Сопственик на две парцели е заменик-градоначалникот на Скопје, Енвер Малиќи, и една поседува пратеникот од ДУИ, Ејуп Аљими. Тие бараат државата да им врати 2.167.000 евра, односно 1.254.000 илјади евра на Малиќи и 913.000 евра на Аљими, пишува Независен.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.