еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Ердоган е против Шведска и Финска да влезат во НАТО, според турскиот претседател грешка е и приемот на Грција

Турскиот претседателот Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција е против Шведска и Финска да станат нови членки на НАТО, посочувајќи дека двете земји се „дом на многу терористички организации“.

„Внимателно ги следиме случувањата во врска со Шведска и Финска, но не сме во позитивен начин на размислување“, изјави Ердоган,

Тој смета и дека претходните влади во Турција донеле „погрешна“ одлука при прифаќањето на членството на Грција во НАТО.

„И го знаете ставот на Грција против Турција, а зад неа стои НАТО. Како Турција, не сакаме да ја направиме втората грешка во овој поглед“, рече тој.

Според него скандинавските земји, “за жал, се речиси како куќи за гости за терористички организации“.

“ПКК, ДХКП-Ц се вгнездени во Холандија и Шведска. Дури одат и понатаму, земаат учество и во парламентите таму. Не е можно да имаме позитивен поглед“, изјави Ердоган.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хрватскиот претседател Милановиќ најави вето за влезот на Финска во НАТО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Кавадарци, Охрид и Гевгелија има најголем процент на вакцинирани граѓани, во Кичево најмалку

Редакција

(Фото) Скопје се сеќава: 59 години од катастрофалниот земјотрес

Редакција

Апостоловски и Цветковски поминаа 44 км со велосипед во еден ден во чест на 1.000 години Бигорски манастир

Редакција