еМагазин
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

ЕУ не се откажува од прва меѓувладина конференција со Македонија до јули

Португалија како претседавач со Европската унија и Европската комисија и натаму се надева дека до крајот на португалското претседателство ќе може да се одржи меѓувладината конференција со Македонија, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Ана Паула Закариаш, државната секретарка за европски прашања на Португалија, објасни дека денеска за време на Советот за општи работи министрите имале дискусија за Македонија и Албанија како и општо за проширувањето.

„Би рекла дека сите земји членки сакаат да видат придвижување тука, претседателството разговараше со земјите кандидати и со земјите членки и со поддршка на еврокомесарот Оливер Вархеји разговаравме со бугарските власти,“ изјави Закариаш на прес – конференцијата.

Таа додаде дека во овој момент Бугарија се наоѓа во постизборен период, но дека дебатата за Македонија продолжува за да се дојде до резултат.

„А тоа е за време на нашето претседателство да ги започнеме меѓувладините конференции со Македонија и Албанија,“ рече португалската државна секретарка.

Потпретседателот на Европската комисија, Марош Шефчович, додаде дека за во оваа институција се прави сѐ што е можно за до крајот на португалското претседателство, на 30 јуни, да се усвои преговарачката рамка за Македонија и да се одржи првата меѓувладина конференција.

„За Европската комисија сите услови се исполнети од страна на Македонија и треба да работиме заедно за усвојување на преговарачката рамка и одржување на меѓувладината конференција,“ изјави Шефчович.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Катерина девет години се бори со сколиоза, потребни се средства за операција во Турција

Редакција

(Галерија) Министерката Шахпаска дел од Парадата на гордоста: Силно верувам во општество кое дава еднакви можности за секој граѓанин

Редакција

(ВИДЕО) Огромна направа што плута успешно почна да собира отпад во Пацификот

Редакција