еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

ЕУ не стави на „црна листа„ за патување, секоја земја членка сама ќе одлучува како ќе применува одлуката

Европската Унија (ЕУ) им препорача на земјите-членки да воведат рестрикции за патување од Северна Македонија поради напливот на новозаразени со коронавирус последните недели, објави Дојче веле.

Освен Македонија, на новата „црна листа“ листата се најдоа и САД, Израел, Косово, Црна Гора и Либан.

Таквата одлука, сепак, нема да биде обврзувачка за земјите-членки, затоа што конечната одлука за ограничувања во однос на туризмот ја носат националните влади, а не Брисел, пишува Дојче веле.

Европскиот совет ја ажурира листата на земји врз основа на критериуми поврзани со стапката на инфекции во земјите надвор од ЕУ. Горната граница за една држава да се најде на „зелената листа“ за патување е 75 случаи на 100.000 жители во последните 14 дена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почит кон своите корени: Предпремиера на „Македонисимо“ на Трпчески во струшкото село Збажди

Редакција

Од корона вирусот во Македонија излекувани 12 бремени жени, 12 биле без симптоми

Редакција

Се чека одлука на Влада: Комисијата за заразни болести препорача затворање на школите, градинките и универзитетите

Редакција