еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ЕУ загрижена дека измените во Кривичниот законик може да влијаат врз случаите на корупција на високо ниво

Македонија се обврза да го промовира владеењето на правото и да се бори против неказнивоста и затоа, санкциите за корупциски активности мора да бидат ефективни, соодветни и разубедувачки, изјави за МИА портпаролката на Европската комисија, задолжена за соседство, проширување и меѓународни партнерства, Ана Писонеро запрашана за коментар за измените во Кривичниот законик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои судски предмети застаруваат со измените на Кривичниот законик

– ЕУ со загриженост забележува дека некои од измените во Кривичниот законик усвоени во забрзана постапка од Собранието на Северна Македонија со кои се намалуваат максималните законски казни и се предизвикуваат импликации врз примената на принципот на застареноста, влијае врз голем број случаи на корупција на високо ниво, наведе Писонеро.

Таа додаде дека ЕУ изразува жалење поради недостигот на сеопфатни консултации со домашните фактори и со Европската комисија пред нивното усвојување, како и за употребата на процедурата со ЕУ знаменце, која треба да биде конзистентна и јасно поврзана со законите кои првенствено имаат за цел усогласување на националното право со законодавтвото на Унијата.

– Во овој контекст, зајакнувањето на довербата во правосудниот систем и несмалено справување со корупцијата, вклучително и преку солидно досие во истрагата, гонењето и конечното осудување на случаите на корупција на високо ниво е од клучно значење, нагласи Писонеро.

Портпаролката посочи и дека Европската комисија ќе продолжи да го следи развојот на владеењето на правото во земјава многу внимателно, вклучително и во контекст на пристапните преговори.

Евроамбасадорот Дејвид Гир вчера изјави дека промените на Кривичниот законик во моментот се разгледуваат во Брисел.

– Мислам дека тие во моментов се разгледуваат од нашите колеги во Брисел и верувам дека наскоро ќе има одговори на тоа прашање, изјави Гир во одговор на нобинарско прашање на Регионалниот форум „Родова еднаквост во пристапните процеси во ЕУ“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Правниот тим на Амбасадата на САД ги разгледува измените на Кривичниот законик

И Мерко ќе се „спаси“ со измените на Кривичниот законик, објави СДК

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Совет на амбасадори: Меморандумот на Бугарија е неприфатлив и штетен за добрососедските односи

Редакција

(Галерија) 100 години Пивара Скопје: 100 години традиција, развој и партнерство со заедницата

Редакција

Заев за МИА: Европа чувствува дека мора да направи исчекор за Македонија

Редакција