Преставници на македонските Бугари ќе имаат средба со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, објави бугарската новинска агенција БГНЕС.
Средбата ќе се одржи неделава на нивно барање поради, како што објави агенцијата, институционалната омраза и системската дискриминација кон нив во Македонија.
На средбата ќе одат Петар Колев и Георги Трендафилов од Граѓанско-демократската унија (ГДУ) и Љупчо Георгиевски од бугарското здружение „Ванчо Михајлов“ од Битола.
Во писмото што тие го испратиле до Вархеји се жалат дека во нивната татковина нема желба за дијалог со нив од страна на локалната и централната власт.
„Секојдневната стигматизација на нашата бугарска заедница и неможноста за воспоставување дијалог со локалните и централни власти создаваат предизвици за нашата заедница кои често ги надминуваат нашите индивидуален и колективни можности.
Искрено се надеваме дека дијалогот со вас ќе придонесе за намалување на секојдневниот притисок врз нас – граѓаните на Република Северна Македонија кои не се плашат, и покрај ризикот од дискриминација и говор на омраза, отворено да ги бранат нашето македонско-бугарско наследство и идентитет“, стои во писмото, кое го пренесува БГНЕС.
Фото: „Ванчо Михајлов“/Фејсбук