Во 2021 година остварени се вкупни бруто приходи на износ од 875.663.926 денари и се зголемени за 4,9% во однос на бруто приходите од 2020 година, информираат од Европа АД Скопје преку Македонската берза.
“Вкупните оперативни приходи за 2021 година се зголемени за 4,9% во однос на истите во 2020 година. Останатите приходи се намалени за 77,4%, а кај финансиските приходи зголемувањето е 6,3% во однос на 2020 година.
Европа АД Скопје за 2021 година оствари добивка во износ од 60.614.910 денари и е помала во однос на претходната година за 24,9%.
Вкупните расходите се зголемени за 8,2% во однос минатата година. Оперативните расходи во 2021 година се зголемени за 8%, а финансиските расходи се намалени за 31% во однос на 2020 година“, велат од компанијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Членот на Одборот на директори на Европа, Есамедин Хасани отуѓи акции од компанијата