еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Европската судбина на Македонија уште понеизвесна по изборите во Бугарија

Парламентарните избори донесоа голема неизвесност во Бугарија, но и во Македонија.

За сега не се знае кој, дали и кога ќе формира нова влада, и дали таа ќе биде експертска како што бара се уште актуелниот премиер Бојко Борисов, чија што партија победи на изборите, но не освои доволно гласови за да биде комотна во составувањето на нова влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каракачанов изгуби во Бугарија, ама победи во Македонија

За него Македонците се северномакедонци со бугарски корен: Кој е Слави Трифонов, клучниот “играч“ за формирање влада во Бугарија

Бојко Борисов во водство, втор е шоуменот Слави Трифонов

Борисов предлага експертска влада до декември, за да државата се справи со пандемијата со Ковид-19, а потоа нови избори, но засега нема конкретен одговор од другите „играчи“ на политичката сцена во Бугарија кои постигнаа солидни резултати и обезбедија место во бугарскиот Парламент.

Оваа ситуација носи дополнителна неизвесност во Македонија, чии што функционери денови отворено изразија надеж и верување дека земјава ќе ги започне преговорите со Европската Унија годинава, откако во јуни или јули ќе се договори преговарчката рамка, а претходно ќе завршат изборите во Бугарија и покрај тоа што бугарските политичари постојано нагласуваа дека ништо ново нема да се случи по однос на Македонија по изборите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе биде ли нов премиер на Бугарија, шоуменот и музичар Слави Трифонов?

Дали оваа политичка ситуација во која се најде соседна Бугарија, која да потсетиме ја блокираше Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ, дополнително ќе ги искомплицира работите останува да видиме.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„У повер“ го доби тендерот на општина Центар за набавка на струја вреден 657.000 евра

Редакција

Бројката на дијагностицирани со Ковид-19 надмина 10.000: Нови 152 случаи, најмногу во Скопје, Куманово, Штип

Редакција

Грчкиот министер Дендиас од Скопје: Преговорите со Македонија и Албанија треба да почнат веднаш

Редакција