еМагазин
Image default
Бизнис

Фабрика Карпош лани со добивка

Фабрика Карпош АД Скопје за периодот од јануари-декември 2021 година оствари позитивен финансиски резултат прикажан во поединечниот неревидиран Биланс на успех, информираат од таму преку Македонската берза.

“Приходите од продажба во најголем дел се приходи кои произлегуваат од продажба на производи (реализација) на големо на домашен пазар, приходи по времени ситуации, приходи од продажба на станови во вкупен износ од 657.924 илјади денари.

Остварената нето добивка по оданочувањето за периодот 01.01-31.12 2021 година изнесува 22.678 илјади.

Со оглед на недовршеното производство или производството во тек кое произлегува од станбен комплес Александрија (проект за изградба на станови кои ги гради Фабрика Карпош) со издавање на фактури на купувачите на станови по продажни цени, залихата ќе се валоризира и ќе го зголеми приходот на компанијата.

Во 2021 година вкупните расходи во најголем дел се однесуваат на трошоци на продадени производи и услуги и истите изнесуваат 451.872 илјади денари. Финансиските расходи, расходи по основ на камати се во износ од 8.345 илјади денари во извештајниот период“, велат од фабриката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фабрика Карпош со добивка во првите девет месеци

Фабрика Карпош со добивка во првите шест месеци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Винценц Јамник си даде оставка од Надзорниот одбор на НЛБ Банка

Редакција

(Галерија) Кои се најуспешните хотели во Македонија со нова туристичка понуда во хотелиерството

Редакција

Отповикувања и оставки во Управниот одбор и Надзорниот одбор на „Скопски пазар“

Редакција