еМагазин
Бизнис

Фабрика Карпош оствари добивка од 11,4 милиони денари за шест месеци

Фaбарика Карпош А.Д Скопје за период од јануари-јуни 2019 година оствари позитивен финансиски резултат прикажан во поединечниот неревидиран биланс на успех, соопшти компанијата преку Македонската берза.

„Приходите од продажба во најголем дел се приходи кои произлегуваат од продажба на производи (реализација) на големо на домашен пазар, приходи по времени ситуации и приходи од продажба на станови, во вкупен износ од 272.266.000 денари“, инфомираат од компанијата.

Остварената нето добивка по оданочувањето за периодот 01.01-30.06 2019 година изнесува 11.465.000 денари.

„Со оглед на недовршеното производство или производството во тек кое произлегува од станбен комплес Александрија (проект за изградба на станови кои ги гради Фабрика Карпош А.Д Скопје) со издавање на фактури на купувачите на станови по продажни цени, залихата ќе се валоризира и ќе го зголеми приходот на компанијата.

Во првото полугодие во 2019  година вкупните расходи во најголем дел се однесуваат на трошоци на продадени производи и услуги и истите изнесуваат 236.352.000 денари. Финансиските расходи, расходи по основ на камати се на износ од 3.576.000 денари во извештајниот период и бележат намалување во споредба со истиот период претходната година“, соопшти компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Британската „Де Ла РУ“ го доби тендерот на Народна банка за набавка на 20.000.000 книжни десетденарки

Редакција

Народната банка вработува три лица, плата до 44.479 денари

Редакција

Прилепска пиварница ја дуплираше добивката

Редакција