еМагазин
Image default
Бизнис

„Фершпед“ за три месеци оствари добивка од 15,4 милиони денари

„Фершпед“ АД Скопје за период јануари-март 2019 година оствари нето добивка по оданочување од 15.435.000 денари, и истата е намалена во однос на истиот период од 2018 година, соопшти компанијата преку Македонската берза.

Остварените вкупни приходи за период јануари-м арт 2019 година изнесуваат 798.893.000 денари и во споредба со остварените вкупни приходи за истиот период од 2018 година бележат пад од 1%.

Оперативните приходи изнесуваат 797.815.000 денари и истите бележат пад од 1% во однос на оперативните приходи за истиот период од 2018 година.

Финансиските приходи бележат раст во однос на истиот период минатата година.

Вкупните расходи за период јануари-март 2019 година се во износ од 780.528.000 денари и истите имаат незабележителен пад во однос на вкупните расходи за истиот период 2018 година.

Оперативните расходи за период јануари-март 2019 година изнесуваат 778.630.000 денари и истите се на исто ниво  во однос на истиот период во 2018 година.

Финансиските расходи бележат пад во однос на истиот период минатата година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Раст и на извозот и на увозот во септември

Редакција

И бизнисите да се вклучат во приоритетните категории за вакцинирање, бараат од СКСЗМ

Редакција

Заев: Мојот приход е 87.000 денари, а со новиот данок ќе бидат опфатени плати повисоки од на премиерот и претседателот

Редакција