еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Филипче: Има доволно болнички кревети во болниците, но лесна е клиничката слика на најголемиот дел од заболените

Oвој огромен процент познати контакти се во рамките на веќе локализирани кластери на заболени со Ковид-19. Интензивната анализа на нивните контакти, рестрикцијата на движење врз основа на проекција на нивното движење, податоците од епидемиолошките анкети, ни дава за право да кажеме дека во секој од овие периоди, од почеток на епидемијата, а со соодветен пристап согласно податоците што ги даваат пациентите, ние имаме целосен увид во ситуацијата како во однос на активните случаи, така во однос на нивните контакти и така во однос на планот и пристапот во однос на тие контакти – дали се (со епидемиолошки речник да се изразам) прво или второ колено. Така се димензионираат и мерките што ги препорачуваме.

Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата во Владата. Посочи дека оваа интензивна анализа на сите контакти била со цел да ја согледаат целокупната епидемиолошка слика, за да можат да го предвидат бројот на пациенти кои доаѓаат во болница.

– Од хоспитализираните пациенти на респираторна машина се само осум во моментот од вкупниот број кои се наоѓаат не само во болниците во Скопје, туку и ширум одделенијата во државата, рече Филипче.

Потенцира дека има сосема доволен број слободни болнички кревети, а од 110 кревети на Инфективната клиника, 70 се зафатени со пациенти кои се хоспитализирани.

– Добро е што таму нема ниту еден пациент на респираторна машина. Тоа значи дека сите машини се слободни и монтажната болница. Таа сега е опремена, стигна и мебелот. Таму има 70-тина кревети, што се на располагање и околу 40 до 50 пациенти во Градската општа болница „8 Септември“ од вкупен капацитет, а по потреба целиот може да биде наменет од 400 кревети, додаде Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата во Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Има заразени лица со корона вирусот, поради свадба што правеле дома

Филипче: Владата утре на седница ќе дискутира за предлогот за евентуална рестрикција на движењето

Кластерите во Скопје од 15 пораснаа на 41: Најголем број од заболените се заразиле на семејни или на други собири

Караџовски: Семејните собирања за Рамазан Бајрам и ифтарските вечери ни се врати како бумеранг

Денеска нема полициски час

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Топ 5 акции со најголем раст и пад на Македонската берза во јуни

Редакција

За летување во Грција освен здравствена потврда, можни и меѓудржавни договори, за да матичната земја одговара за туристот

Редакција

Пристигнаа 20.000 вакцини на „АстраЗенека“, донација од Хрватска

Редакција