еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Филипче најави нови мерки: Нема прослави по дома и групирање на јавно место, маската задолжителна и на отворено

Забрана за поголеми семејни прослави во домашни услови, и групирање на јавни простори по 23 часот, како и задолжително носење маска на отворено и во затворени јавни простории, се новите мерки на Комисијата за заразни болести што ќе ги достави до Владата на усовјување, со цел да се спречи ширењето на заразата од коронавирусот, соопшти денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

-Се забранува групирање во домовите на семејните прослави, слави. Во едно живеалиште, сопствениците дозолено е да примаат дополнителни четири лица, рече министерот.

Тој додаде дека анализите покажале дека сериозен процент од новозаразените се токму од ваков тип настани и затоа, како што истакна, сакаат тоа да го превенираат, а со оваа нова мерка ќе се избегне и забавите од кафулиња и барови да се префрлат во домашни услови.

Со новите мерки се предлага и забрана за групирање на јавен простор по 22 часот на повеќе од четири лица. Забрана за собирања на поголема група по паркови, бензиски пумпи и било каде на отворено.

-Се воведува задолжително носење маски или заштитна опрема на носот и устата секаде при престој на отворено, на затворено во кој било јавен објект, на работно место, јавен и приватен транспорт.

Исклучок се прави при спортување на отворено и затворено, при транспорт во приватно возила на членови на едно семејство, при седење во уготителските објекти со почитување на соодветни простории, при престој во службени простории ако е лицето само во просторијата, рече Филипче.

Исклучок од мерките ќе имаат децата до шест години.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови директори на неколку јавни здравствени установи

Редакција

МНР прави напори да им се помогне на нашите граѓани кои „заглавија“ надвор поради коронавирусот

Редакција

Бугарскиот министер за внатрешни Демерџиев доаѓа во Скопје за роденденот на Делчев

Редакција