Министерот за здравство, Венко Филипче денеска изјави дека засега има доволен број на респираторни машини, околу 120, и само еден пациент е на таква машина.
Статистиките, како што објасни Филипче, покажуваат дека пет проценти од заболените се на респираторни машини, односно од 1.000 заболени, 50 се на машини.
Тој информираше дека набавката од Бразил е заглавена во таа земја, па преку Министерство за надворешни работи, се праавт напори за да се ослободат тие 50 респиратори кои се порачани. Многу од земјите го забраниле извозот, заради нивни потреби.
Но добрата вест, според Филипче, е што од Кина пристигнала потврдна информација дека 200 машини се резервирани за нашата држава, и се завршуваат формални работи за тие да пристигнат.
Во однос на тестовите, до сега се направени 888, а двете лаборатории на Институт за јавно здравје и на клиниката „Жан Митрев“ ќе работат здружено.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вкупно 70 заразени од корона вирусот: Жената од Дебар е во критична состојба
Фото: МЗ