еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Филипче: Семејните прослави и непочитување на мерките главна причина за пораст на заболените

Анализите на трендовите во изминатите денови покажуваат дека во овој момент имаме неколку локации во земјата каде има брзо ширење на вирусот и кластери кои се настанати најчесто како резулат на непочитување на пропишаните превентивни мерки, истакна на прес – конференција вечерва министерот за здравство Венко Филипче.

„Групирање на граѓаните на семејни прослави и забави, неносење заштитна опрема, непочитување на мерките од страна на компании за превоз и организација на работата се главните причини за раст на новозаболени во Скопје, кумановско-липковскиот регион, Тетово со околните општини и Штип и околината“, рече Филипче.

Според него, добро е што во останатиот дел од земјата состојбата е стабилна со спорадични случаи, а тоа е потврда дека, како што вели, стратегијата дава резултат онаму каде мерките се почитуваат. Со цел спречување на ширење на заразата, додаде тој, Владата одлучи да го врати полицискиот час.

„Овој нов бран е директна последица на непочитување на јасно пропишаните мерки, но и задоцнета или слаба активност за казнување од страна на надлежното министерство. Се надевам дека конечно и на последните скептици ќе им стане јасно дека вирусот не е шега.

Вирусот нема да замине додека сите не прифатиме дека претставува закана за секој кој не ги почитува мерките за заштита. И после одржани речиси 100 прес-конферении и илјадници пати повторени апели и пораки еден дел од граѓаните се уште одбиваат да ја прифатат реалноста, да прифатат дека одговорноста е на секој поединец.

Не треба да дозволиме дури од кога ќе се разболиме да разбереме колку е вирусот опасен. Ние здравствените работници, Владата, институции не можеме да направиме ништо без граѓаните“, рече Филипче.

Одговорно тврдам, вели Филипче, дека сите мерки и одлуки и сите пораки кои ги испративме до јавноста беа прецизни, медициснки издржани и навремени.

Старегијата даде резултат, имавме одлични резултати, а доказ се, како што посочи, општините кои се целосно стабилни како Дебар каде со недели нема нови случаи.

Според него, се што се користи како стратегија во светот е направено и кај нас, но она што не може да се контролира во целост е однесувањето на луѓето.

Здравствениот систем, рече Филипче, е подготвен да пружи грижа за секој пациент.

„Верувам дека враќањето на рестрикциите на никој не му паѓа лесно. Верувам дека можеби се чувствувате и обесправени, бидејќи најголем дел од вас доследно се придржуваат до мерките за што многу благодарам.

Имам обврска како министер да направиме се за заштита на колективното здравје и на здравствениот систем кој не смееме да дозволиме да се оптовари. Тоа го правевме досега, тоа ќе продолжиме да го правиме додека не излеземе како победници.

Сакам да испратам пораки до сите кои имаат влијае врз мислењето на граѓаните, политичарите, медиумите, верските лидери, и сите останати –  ако било кога во историјата на земјата било потребно единство и заеднички интерес тоа е сега.

Ако сите се заложиме и секој со своето влијание се бори за заедничката цел а тоа е здравјето на граѓаните ќе успееме многу брзо да го надмине и овој втор бран“, кажа министерот Филипче.

Тој најави дека од понеделник ќе се решава како ќе се продолжи понатаму во однос на примената на мерките.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Официјално: Се враќа полицискиот час, целосен карантин за Скопје, Куманово, Штип, Тетово…

Влада: Забрана за посета на гробишта освен за погреби во цела држава

Сите детали: За кого не важи полицискиот час и кога ќе се шетаат милениците

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Интерконекторот за природен гас меѓу Грција и Бугарија ќе донесе слобода од руската енергетска зависност, вели Фон дер Лајен

Редакција

Откажан карневалот во Струмица поради корона вирусот

Редакција

Бугарија финансира медиум во Македонија, открива уредникот на медиумот

Редакција