еМагазин
Image default
Македонија

Филипче: Шеснаесет медицински сестри од ГАК се во изолација, но не од случајот со родилката

Родилката која беше во Гинеколшко-акушерската клиника, потоа во болницата „Ремедика“, понатаму примена на Инфективната клиника во Скопје и на свое барање, согласно лесната состојба која што тоа го дозволила, заминала на домашно лекување.

На ГАК 16 медицински сестри се во изолација, но не од овој случај. Од нив поголем дел поминуваат 14 денови и ќе се вратат на работа и клиниката функционира добро и работата не е компромитирана, рече министерот за здравство, Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање за овој случај.

На уште едно новинарско прашање како ќе се пополни новото болничко крило на струмичката болница со медицински кадар, Филипче истакна дека во изминатите три години многу е направено за здравствениот систем, суштински работи и промени кои не биле направени и повеќе од 20 години, а тоа е вистинска инвестиција во здравствениот кадар и стимулирање на лекарите и медицинските сестри, но и младите лекари иднината да ја бараат тука, во земјата.

„Анкетите кои ги правиме со студентите на последнаа година на студии се многу поразлични од порано. Над 30 до 40 проценти сакаа да заминат до земјава, а сега тој процент е многу помал. Зошто? На секој млад лекар му дозволивме со платен стаж да остане тука и да го добие работното место.

Прво во здравствен дом каде ќе работи со поискусните, постари колеги, во итната медицинска служба, патронажните сервиси, пунктовите за имунизација и оттука да почне специјализацијата. На тој начин со повеќе од пет илјади изадени согласности се вработија огромен број лекари и медицински сестри и значајно се зајакна капацитетот на апсолутно секоја јавна здравствена установа.

Паралелно на тоа инвестиција во инфраструктурата и во опремата, мислам дека во над 40 јавно здравствени установи значи многу. Да се стимулираат младите лекари да останат овде, во земјата, а пациентите да знаат дека секогаш може да сметаат на подготвеноста на нашиот здравствн систем.

Паралелно на тоа свесни дека затекнавме систем во кој што има недостаок на лекари, дозволивме со законски измени да има ротација на здравствениот персонал,“ одговори Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: Оздравени нови 11 пациенти од корона вирусот, вкупно до сега 1.705

Починаа нови осум пациенти од корона вирусот

Нови 196 заразени со корона вирусот, најмногу во Скопје 90

Во ГОБ „8 Септември“ се примени 21 нови пациенти, а 11 се со потешка клиничка слика

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пороен дожд, грмежи и засилен ветер денеска попладне

Редакција

Американската амбасадорка бара уставни измени до крајот на годината

Редакција

Од денеска ќе се стави во функција новиот мобилен пункт за тестирање во Свети Николе

Редакција