Во моментов се тестираат 12 пациенти на корона вирусот, информираше на прес-конференција министерот за здравство, Венко Филипче.
„Двајца на Клиниката за инфективни болести се со знаци на грип.Тие патувале во Италија и дошле здрави пред шест дена, но утрово развиле симптоми и земени им се материјали.
Се тесираат и осум лица од Дебар, кои се комшии на тројцата заболени пациенти и кои се хоспитализирани пред неколку дена, а живеат во куќа лепенка со заразените и имале интензивни контакти со нив.
Се тестира и лице од Кочани кое било на Инфективна клиника во Штип и едно лице од Прилеп испратено од тамошниот Центар за јавно здравје,“ рече Филипче.
Другите шест пациенти кои се заразени со корона вирусот имаат лесна клиничка слика и дишат потпомогнати само со кислород, без механика.
Лицата кои се во домашна изолација за сега не покажуваат никакви знаци и се здрави.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои хронично болни лица треба посебно да бидат претпазливи на корона вирус и ослободени од работа