еМагазин
Image default
Бизнис

Финансиска полиција: Изјавата на Муареми не се однесува на сегашни случувања кај банките

Во врска со дадените изјави од страна на директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми при гостувањето во емисијата на ТВ 24, на ден 22.12.2020 година, кои се однесуваа на водење на преистражни постапки кон други банки за начинот на нивно постапување во врска со издадени кредити, од Управата за финансиска полиција се огласија со појаснување:

„Дадената изјава воопшто не се однесува на сегашни случувања кај банките, односно не упатува на тековни наоди на Управата за финансиска полиција за вакви активности кај банките.

Изјавата се однесува на преземени дејствија од страна на банки кои како такви се имаат случено во период од 2007 до 2012 година. Оттаму, изјавата воопшто не имплицира дека во овој момент се преземени нови дејствија за нови случаи.

За наведените дејствија Управата за финансиска полиција во 2018 година има поднесено и известување до Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

Токму во таа насока е дадената изјава, дека постојат и слични, но не и исти случаи на постапување од страна на други банки, кои од страна на Управата се процесираат без оглед во кој период се имаат случено“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Директорот на Финансиската полиција, Муареми: Повеќе од 140 фирми во организираната мрежа во „Еуростандард банка“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се проширува опфатот на компании за државна поддршка

Редакција

Започна процесот на интегрирање на Охридска банка со Шпаркасе банка Македонија

Редакција

Ново поскапување на дизелот за 3 денари

Редакција