еМагазин
Image default
Техно ТОП СТОРИИ

ФитКит, прва македонска апликација за вежбачи

Брзиот и динамичен начин на живот прават да се чувствуваме дека немаме доволно време да си посветиме за самите себе. Се враќаме дома уште поуморни. Си ветуваме дека ќе почнеме со вежбање од следниот понеделник, но сфаќаме дека тоа се само празни ветувања. Стресот се таложи во нашето тело, а паралелно и калориите.

Со цел да им овозможиме на корисниците голем број на опции каде што ќе имаат можност ем да вежбаат, ем да се чувствуваат подобро, ја креиравме ФитКит, една од најфлексибилните мобилни апликации што ти овозможува да останете во топ форма.

Преку оваа апликација, корисниците може онлајн да закажат тренинзи за повеќе од 250 дисциплини во 13 различни градови низ земјава. Фитнес, функционални тренинзи, јога, боречки вештини, кардио, аеробик, пилатес, пливање се само дел од широката палета на фитнес активности што може да ги искомбинирате во било кое време и на било која локација.

Зад идејата за ФитКит стои Ангелина. Поттикот за креирање на ваква апликација и се родил во 2015 година и тоа сосема случајно, вели таа.

-Идејата за ФитКит дојде многу спонтано, во период од мојот живот кога бев многу активна и љубопитна за различни фитнес активности. Паралелно одев на јога, на фитнес на шипка и на кик-бокс, но некогаш не можев да постигнам да стигнам на сите овие места, па залудно си ги давав парите за тренинзи на кои никогаш и не отидов.

Јосиф е човекот кој легнува и се буди со помислата како да го направи вежбањето и здравиот живот подостапен и едноставен за крајните корисници, а Марко го спроведува ова во пракса, обезбедувајќи им го најдоброто корисничко искутво на вежбачите.

-ФитКит е поисплатлива опција земајки ја во предвид флексибилноста на време и простор. За оние кои што пак се посветени на вежбање и грижа за себе новите претплати и продукти ќе бидат идеален фит, затоа што ќе имаат можност да платат чланарина близу до сумата на стандардна (конвенционална) чланарина, а сепак ќе имаат неограничен пристап до 250+ активности и 150+ локации. Едноставно, ФитКит носи причина зошто да не се откажеш и носи можност да се пронајдеш.

Само неколку години од лансирањето, ФитКит е широко прифатена од фитнес ентузијастите, сопствениците на фитнес центрите се нејзини најголеми амбасадори, а компаниите, ги користат бенефитите од апликацијата за да ги мотивираат своите вработени.

.Но, ФитКит апликацијата немаше да е ова што е денес без максималното вложување на секој од основачите и соработниците. Сепак, сакаме пазарот и луѓето да ја обликуваат ФитКит, а не Ангелина, Јосиф и Марко. Ние само ќе бидеме позади воланот и ќе се трудиме патниците да останат неповредени :).

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој сè ќе настапи денеска за дочекот на Новата година во Скопје

Редакција

Истрага „Поштенска банка“: Георгиевски и Груевски поради застареност на делото нема да бидат гонети од СЈО

Редакција

(Вознемирувачко видео) Украина објави снимка од убиени руски „саботери“ во Киев

Редакција