еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Груевски има највисок рејтинг во анкетата на ИРИ

Најновата анкета на Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) за Македонија, покажува дека во случај утре да се одржат предвремени парламентарни избори 19% од граѓаните би гласале за ВМРО-ДПМНЕ.

Согласно резултатите на извршената анкета, за СДСМ би гласале 11% од граѓаните, 7% за ДУИ, а 6% за Левица.

Поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија, има највисок рејтинг. Довербата за него е 7%, а истата пораснала повеќе од дупло, споредено со минатогодишните 3%.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски има доверба од 6%, како и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, а лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски со 5%.

Анкетата е спроведена во име на Центарот за анкетни истражувања од Брима, фирма за истражување на пазарот (членка на Тејлор Нелсон Софрес и Галуп Интернешнл).

Податоците се собрани од 23 септември до 13 октомври, 2022, со повеќестепен стратификуван примерок преку интервјуа лице-во-лице во домовите на испитаниците.

Анкетиран е национално репрезентативен примерокот од 1.207 испитаници на возраст од 18 години и повеќе. Податоците се пондерирани според возраст, пол, регион, населеното место (урбано/рурално) и етничката припадност. Маргината на грешка е ± 2.8 поени на ниво на доверба од 95%. Стапката на одговор е 69 отсто.

Анкетата е направена со поддршка на Националниот фонд за демократија (НЕД).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Анкета на ИРИ: Само 13% од граѓаните сметаат оти Македонија се движи во вистинска насока

Фото: Груевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Највисоки просечни нето-плати во јуни

Редакција

Трговскиот центар „Ист Гејт“ продолжува нормално со работа

Редакција

Налепниците НМК ќе може да се купат во станиците за технички преглед

Редакција