еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Има ли дозвола за градба музејот на УЧК во Сопот, во кој виси и картата на „голема Албанија„

Знаме со картата на „голема Албанија“ е еден од експонатите на музејот на терористичка УЧК во Сопот, за кој не е јасно дали е дивоградба, како и други споменици низ Македонија, подигнати за славење на УЧК.

Заедно со постоечката Албанија, “голема Албанија“ ги опфаќа териториите на соседните држави, вклучувајќи го Косово, Прешевската долина, териториите во јужна Црна Гора наречени Малесија, северозападна Грција (грчките регионални области Теспротија и Превеза, наречени од Албанците како Чемерија), и дел од западна Македонија или територии на дури три земји членки на НАТО.

Картата на „голема Албанија“ е изгравирана и на мермерна плоча пред влезот на самиот објект.

За музејот во Сопот во кој викендов присуствуваше лидерот на владејачката ДУИ, Али Ахмети, никој не побарал дозвола за градба од Општината Куманово, вели градоначалникот Максим Димитриевски.

„Дали е отворен музеј или спомен обележје, секогаш си има строга постапка дефинирана според закон, како се отвора такво нешто. Во моментов немам никаква информација, ниту некој се обратил до Општина Куманово за да побара било каква дозвола“, вели Димитриевски за Локално.

Ахмети пак од музејот порача дека „Албанците се господари во Македонија“ и дека благодарение на прагматизмот што го избрале денес, албанскиот јазик и албанското знаме се официјални и неприкосновени во земјава.

Порача и дека од УЧК почнале за да направат Албанија без граници, ама политиките се смениле.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почнавме за да направиме Албанија без граници, ама политиките се сменија, порача Ахмети од меморијалниот комплекс на УЧК

Музеј на УЧК има и во липковското село Слупчане.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На приватен имот бил музејот на УЧК во Сопот

Фото: Ахмети/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа тројца пациенти од корона вирусот, помеѓу кои и 46-годишна жена која долго била на механичка вентилација

Редакција

Судењето за „ТНТ“ најверојатно ќе почне отпочеток, по Нова година

Редакција

(Фото) Во Скопје се тркаа дедомразовци

Редакција