еМагазин
Локално ТОП СТОРИИ

(Фото) Креативност, традиција и мајтап на карневалот „Прочка 2019“ во Прилеп

Бројни маски, поединечни и групни, со учесници од разни возрасти, од повеќе градови од Македонија, беа дел од овогодинешново издание на карневалот „Прочка 2019“ во Прилеп.

На карневалот во Прилеп имаше и многу гости од странство: Бугарија, Турција, Грција, Србија, Хрватска…

Особена убавина на денешниот карневал дадоа членовите на Здружението на лица со интелектуална попреченост „Порака“ со маската „Цветна алеа“.

„Карневалите во Прилеп, Кавадарци и Струмица, формирањето на ФЕКК-Македонија, го развиваат алтернативниот туризам во земјата. Конкретно денеска во Прилеп присуствуваат преку 1.000 гости од земјава и странство, а в година ќе имаме сигурно уште многу поголем број учесници и гости, со кои градот прераснува во туристичка карневалска дестинација“, изјави градоначалникот Илија Јованоски.

Фото: Општина Прилеп

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Помалку фирми и граѓани на Листата на должници на УЈП за октомври

Редакција

Саемот на мебел го посетиле 15.000 лица

Редакција

Висока бројка на починати од Ковид-19: 24 во болница и тројца во домашни услови

Редакција