Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Јохан Тарчуловски, на својот Фејсбук профил објави фотографии од црква во селото Љубанци, каде од партијата донирале лустери, од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, познато во јавноста и како белата палата.
„Огромна благодарност до претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за донацијата од лустери кои се извадени од централниот штаб, а кои беа означени како луксуз. Затоа се подаруваат по македонските цркви и манастири. Црквата Св. Никола во с.Љубанци ќе Ви е вечно благодарна„, напиша тој.
Фото: Фејсбук/Тарчуловски
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.