еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот имаат Пендаровски, Река и Силјановска

еМагазин во два одделни серијали, Ви ги престави тројцата кандидати за претседател на државата, приватно и професионално, а овојпат Ви пренесуваме каков имот имаат, односно што пријавиле во анкетните листови, кои ги доставиле до Државната комисија за спречување корупција.

Пендаровски нема недвижен имот

Според анкетниот лист кој го доставил кога станал Национален кординатор за НАТО, Стево Пендаровски, како и лидерот на партијата чиј кандидат е, Зоран Заев, на свое име нема пријавено недвижен имот.

На свое име пријавил само возило Југо и девизна штедна книшка на која има 12.230 евра.

На име на сопругата пријавил уште едно возило, Рено Меган и девизна сметка.

Југото како што можевме да видиме деновиве не го вози, туку го користи возилото на сопругата.

Целиот негов анкетен лист, ОВДЕ.

Каков имот има Река

Според анкетниот лист, кој го доставил кога станал амбасадор на Мисијата на РМ при Европската Унија, Блерим Река на свое име пријавил куќа од 200 метри квадратни во Скопје, проценета на 200 илјади евра и возило Ауди А3.

Пријавил и орочен девизен депозит од 38 илјади евра, како и тогашната плата, која му била 2.601 евра месечно.

Целиот негов анкетен лист, ОВДЕ.

Нема официјални податоци за Силјановска

Како универзитетски професор, Гордана Силјановска Давкова нема обврска да го пријави имотот.

Кога пак беше државен функционер (1992-1994 година), не постоеше обврската функционерите да го пријавуваат имотот.

Ако стане претседател, ќе мора до Државната комисија за спречување на корупција да достави анкетен лист.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Стево Пендаровски приватно: Благороден и необично духовит татко

(Галерија) Блерим Река приватно: Има три деца и е дедо на две внуки и два внучиња

(Галерија) Силјановска приватно: Има две деца, слуша рокенрол, практикува јога

Стево Пендаровски професионално: Од советник на Црвенковски и Трајковски до кандидат за претседател

Блерим Река професионално: Од амбасадор до кандидат за претседател на државата

Силјановска професионално: Ќе стане ли омилената професорка, првата жена претседател

Фото: Фејсбук/Пендаровски/Река/Силјановска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

8 Март: Жените маршираа за повеќе права и поголема еднаквост

Редакција

Собрани се потребните средства за девојката за која упативме апел за потребите за операција на колк

Редакција

„Ер Србија“ од 5 јуни ќе лета за Охрид

Редакција