еМагазин
Image default
ЖИВОТ

(Фото) Тим од кардиохирурзи од Државна клиника, Жан Митрев и Систина ја вршеа првата трансплантацијата на срце во Македонија

Министерот Венко Филипче синоќа објави фотографија од тимот на хирурзи кои синоќа ја вршеa првата трансплантација на срце во Македонија.

„Тимот од кардиохирурзи под водство на Сашко Јовев (Државна Кардиохирургија), Жан Митрев (Клиника Жан Митрев) и Александар Николиќ (Клиника Систина) и Маја Мојсова анестезиолог (КАРИЛ) се подготвува за трансплантација. Експлантацијата е во тек. Им држиме среќа на сите,“ информираше тој.

Инаку донор е почината пациентка чии што родители се согласиле да ѝ го донираат срцето, и пациент кој подолго време чекал за трансплантација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вечерва ќе се изврши првата трансплантација на срце во државата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сончево и многу топло време денеска, попладне можност за краткотрајна нестабилност

Редакција

Од четврток постудено време со врнежи од дожд, ветер и снег на планините

Редакција

Доктор Софијанова за Ковид-19 кај децата: Симптомите може да бидат лесни, но и да се појават сериозни синдроми и состојби

Редакција