еМагазин
Image default
Балкан

(Фото) На вратата од станот на градоначалникот на Солун, Бутарис, му напишаа „предавник“

Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, многу добро познат и на македонската јавност, повторно е во фокусот на грчките медиуми, откако непознати лица напишале „предавник“ на вратата од неговиот стан, пренесува дописникот на еМагазин од Солун.

Пред извесен период тој беше нападнат во центарот на Солун и се здоби со полесни повреди, а неколку лица беа уапсени за инцидентот.

Како што објави грчката новинска агенција AMNA, лицата успеале да ја отворат главната врата на зградата каде што живее Бутарис и со црвен спреј напишале „предавник“ на вратата од неговиот стан.

Агенцијата пишува дека Бутарис ќе поднесе кривична пријава против непознати лица.

Фото: AMNA/Влада на РМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ципрас: Кредибилитетот на ЕУ ќе се цени според европерспективата на Западен Балкан

Редакција

Бугарскиот Парламент на затворена седница ќе ја сослуша Генчовска за Македонија

Редакција

(ВИДЕО) Катарски емир му подари луксузен авион на Ердоган, вреден 367 милиони долари

Редакција