еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

(Фото) Новото вечно почивалиште на Тоше ќе биде готово до јуни, еве како ќе изгледа

Конечно, по 12 години откако Тоше Проески трагично загина во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Хрватска, се гради спомен-обележјето на неговото вечно почивалиште на Гумење во Крушево.

Од Владата се обезбедени 10 милиони денари, обележјето е симболично и треба да биде готово до јуни, изјави претседателот на крушевскиот Совет, Тома Петроски на вчерашното обележување на роденденот на Тоше, пренесува МИА.

“Обележјето е симболично. Во основата е во форма на крст како симбол на Тошевата религиозна припадност и вербата во Бога, всушност ова е и гробно место. Инаку, однадвор впечатокот за обележјето е како две раце склопени во молитва. Според приликите, треба да биде готово до јуни, а може и порано“, вели Петроски.

Автор на идејното решение е архитектот Жарко Чаушевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Среќен роденден, Тоше!

(Видео) На денешен ден пред 12 години, Тоше Проески го одржа последниот концерт на Градски стадион

МИА/еМагазин/Фото: МИА/Томе Христоски/Фејсбук/360stepeni.mk

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стандард и Пурс го потврди кредитниот рејтинг на Македонија, ББ- со стабилен изглед

Редакција

„Фершпед“ се подготвува за стекнување удели во други компании

Редакција

За новогодишната ноќ суво и ветровито, снег од среда

Редакција