еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

(Фото) Патничките возови се дезинфицираат за заштита од коронавирус

Се дезинфицираат патничките возовите што се во оптек, како превенција од ширење на вирусот Ковид-19.

Специјализиран тим, како што соопштуваат од Железници Транспорт АД – Скопје, дезинфекцијата ја извршил денеска на четири гарнитури и четири вагони што превезуваат патници на различни релации.

-Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД-Скопје, како општествено одговорна компанија, се приклучи на иницијативата за спречување на ширењето на вирусот Ковид-19 познат како Корона вирус, откако Владата донесе мерки за превенција од вирусот за заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните, информираат од претпријатието.

Акцијата е започната денеска за превентивна дезинфекција против ширењето на овој вирус, а по потреба ќе се спроведе повторно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Црно ни се пишува кога лекарка не ги почитувала препораките за корона вирусот

Заразената директорка викендов држела предавање на колеги, била во контакт со над 300 лица

(ВИДЕО) Морничави сцени од Италија: Коронавирусот ги испразни улиците

Фото: Железници

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Светската инфлацијата успорува, но не со очекуваната динамика, оценуваат од ММФ

Редакција

Од сабота струјата поскапува за 9,48%, се укинува и дневната евтина тарифа

Редакција

Нови 103 случаи на Ковид-19, најмногу во Куманово и Гостивар

Редакција