Во рамки на посетата на Кавадарци, претседателот Стево Пендаровски оствари средба и со Борче Стаменов, иницијатор и организатор на хуманитарната акција „Донирај компјутер“.
Претседателот ги поздрави неговите лични заложби, во време на пандемија кога се наметнува потребата од онлајн образование, да им се помогне на социјално загрозените семејства кои немаат финансиска можност да им обезбедат компјутерска опрема на своите деца.
„Секој хуманитарен ангажман ја заслужува нашата поддршка. Со секој личен пример и индивидуална помош ја подигаме јавната свест и придонесуваме за похумано и посолидарно општество“, посочи Пендаровски.
Преку хуманитарна акција „Донирај компјутер“ досега се донирани над 750 компјутери.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.