Вработена во МВР се сликала полугола во униформа и фотографијата ја објавила на социјалните мрежи, пишува „а1он.мк“.
Полициската службеничка е вработена во Министерството пред 11 години, и работи во Одделот за гранични работи и миграции.
Од МВР кратко изјавиле дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР постапува во врска со случајот.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.