еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Фото) Повредено 8-годишно дете се спаси себе си и татко му после сообраќајка на патот Дреново- Кавадарци

Осумгодишно дете, со тешки повреди, се спаси себе си и татко му после сообраќајка на патот Дреново – Кавадарци, која се случи синоќа.

Откако нивниот автомобил излетал од патот, тоа успеал да се јави на 112 и да побара помош, информираше на својот Фејсбук профил, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, кој објави и фотографии од несреќата.

„Автомобил во кој се наоѓале татко и син излетал 22 метри од патот. Случајот го пријавил детето кое има само 8 години, и кое и покрај повредите успеало да се јави на 112 и да побара помош за себе и својот татко.

Благодарение на пожарникарите во постојана комуникација со детето, колата е пронајдена, а двајцата со тешки повреди од Општа Болница Кавадарци се пренесени во Скопје.

Браво за нашиот мал херој, кој и покрај повредите успеал да се јави и да побара помош. Со зборовите “гледам само темница, заглавен сум, се ме боли…, а татко ми не дише“.

Се молиме за нив“, напиша Јанчев.

Фото: Фејсбук/Јанчев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кавгата на Таравари и Села стигна на суд: Чива ќе биде Алијансата за Албанците

Редакција

Град Скопје склучи договор со ЕОС вреден 575.610 евра

Редакција

Потешко повредената патничка во сообраќајката во Србија останува во болница, останатите пуштени дома пуштени

Редакција