еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Фото) Со донација од САСА изградено ново инклузивно детско игралиште

Рудник САСА донираше ново инклузивно детско игралиште кое е лоцирано во кругот на детската градинка „Бамби“ и на Дневниот центар на лицата со посебни потреби во Македонска Каменица, информираат од компанијата.

Игралиштето овозможува пристап и за децата со попреченост, со што се поттикнува нивна поголема инклузивност во текот на престојот во овие две установи, како и за рекреативни активности.

Овој проект беше предложен од страна на детската градинка и е дел од годишната програма за поддршка на проекти од значење за локалната заедница, за чија реализација САСА обезбедува континуирана финансиска поддршка.

„Со задоволство ја поддржавме реализацијата на овој проект бидејќи сметаме дека сите деца треба да имаат среќно детство и еднаков пристап и можности за користење на игралиштата и останатите места кои се значајни за нивниот развој и овозможуваат полесна интеграција во општеството“, вели генералниот директор на Рудник САСА, Скот Јеланд.

Инаку, рудникот САСА, преку новоформираната Фондација за поддршка на одржливиот развој, неoдамна ја потврди својата намера да продолжи да вложува повеќе од 300.000 долари годишно во различни области, како што се: спортот, образованието и животната средина, значајни за животот и просперитетот на луѓето и локалната заедница.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

САСА ја доби националната награда за најдобро имплементиран систем за безбедност и здравје при работa за 2023 година

Редакција

Казино „Фламинго“ хотел Гевгелија донираше медицинска опрема во вкупна вредност од 20.000 евра на Општа клиничка болница во Гевгелија

Редакција

Со бербата на грозјето Шардоне продолжува традицијата на производство на вино од Скопското виногорје

Редакција