еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

(Фото) Со спектакуларно кабаре започна со работа комплексот „Голд Фелициа“ во Битола

Со спектакуларно кабаре шоу во кое учествуваа над 30 уметници, пејачи и актери, во Битола започна со работа комплексот „Голд Фелициа“. Гостите уживаа во уникатната кабаре претстава која понуди разни уметнички точки и песни за сите генерации.

– Комплексот доби гламурозно отворање какво што му доликува, а многубројните гости имаа прилика да се уверат во се она што истиот веќе може да им понуди, велат од „Голд Фелициа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Како изгледа новиот комплекс „Голд Фелициа“ во Битола

Покрај танчерите на сцената церемонијален мајстор беше Жарко Димоски, а го придружуваа пејачите Александар Тарабунов, Димитар Андоновски, Огнен Здравковски и пејачките Полина Тасева, Калина Велковска и Христина Јовановска.

За кореографијата на танчерите се погрижи Илија Кардакоски, а за изгледот на сите учесници модниот дизајнер Андреј Папаз.

– Кабаре шоуто го најави и отвори просторот кој ќе биде наменет токму за тоа, музички изненадувања на кои им нема крај, секојдневни настани на кои ќе гостуваат популарни домашни и странски имиња, што особено ме радува, рече Димитар Андоновски, музички директор на целиот проект.

Казиното е опремено со најсовремени слот машини, рулет и останати игри на среќа, „Голд Фелициа“, а во склоп на комплексот работи и ресторан со специјалитети приготвени од врвни готвачи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Голема акција на МВР: Запленети четири и пол килограми хероин и килограм кокаин во Сингилиќ

Редакција

Петков: Ми се допаѓа францускиот предлог, останувам на ветеното одлуката за Македонија да ја донесе бугарското Собрание

Редакција

Убава вест: Оздравени 265 болни од Ковид-19

Редакција