еМагазин
Image default
ЖИВОТ

(Фото) Утрото и почнува со какао: Тодорка Митрева од кавадаречко Сопот прослави 100 години живот

Тодорка Митрева од кавадаречкото село Сопот денеска прослави 100 години живот.

Нејзините најблиски ја изненадија со торта и желби за уште заеднички моменти. Нејзините блиски, внуците од син Сузе Велјанова и Тоше Митревски, кажаа за МИА дека била родена 1921 година во Мала Преспа, а целиот свој живот го поминала во кавадаречко Сопот.

– Подвижна е и си го знае умот. Пред околу 25 години почина дедо ни. Таа живее со нашите родители. Откако ја паметиме, секое утро и почнува со какао. Без разлика кое годишно време е, две печени јаболки и се омилена ужина.

За ручек често јаде супа и манџа, домати и пиперки, што и да е, многу ретко месо, открија тие.

Цигари никогаш не пушела, а не пиела ниту алкохол.

– Иако Тиквешко важи за регион на ракијата, таа ракија користи само кога ја наболува рака на пример или рамо, врат, па да се измачка со неа, за да и биде поарно. Знае да каже месо не јадете премногу и не се нервирајте, тоа е нејзиниот рецепт за долговечност, рекоа внуците кои ги изгледала.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

До крајот на неделава нестабилно време со повремен пороен дожд, грмежи и ветер

Редакција

Фотографот Едмонд Амзаи е загинатиот мотоцилист, зад себе остави сопруга и син

Редакција

Почна зимското сметање на времето

Редакција