ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук објави предлог како да изгледа Преамбулата на македонскиот Устав со предвидените уставни измени, кои се услов Македонија да ги почне преговорите со Европската унија.
Текстот на предлогот целосно се повикува на делот од преамбулата на хрватскиот Устав, кој периодов како пример го посочија и неколку амбасадори во земјава и преставници на Унијата:
„Република Македонија се воспоставува како национална држава на македонскиот народ и држава на припадниците на националните малцинства: Албанци, Турци, Роми Власи* и др., кои се нејзини државјани, на кои им се гарантираат исти права со тие на македонскиот народ и остварување на националните права во согласност со демократските норми на Организацијата на Обединетите нации. (*сите националности кои се забележани на последниот попис да бидат дел од националните малцинства)“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ќе прифатиме уставни промени по примерот на Хрватска, вели Мицкоски